Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше на неофицијалното светско првенство, грен слем турнирот Вимблдон во Лондон, совладувајќи го во финалето седумкратниот победник, Швајцарецот Роџер Федерер, кому ова му беше деветто финале на најпознатиот терен на трева.
Во исклучитечно квалитетен и интересен меч Ѓоковиќ славеше со 3:2 (6:7;6:4;7:6;5:7;6:4) за втора победа на Вимблдон.
Поразениот Федерер упати честитки до победникот, посочувајќи дека Новак заслужено триумфирал на Вимблдон.
-Не ми се веруваше дека влегов во петтиот сет. Новак одигра сјајно не само на овој меч туку и на целиот турнир и заслужено победи на Вимблдон, изјави Федерер.
Победата на Вимблдон Ѓоковиќ ја посвети на идната сопруга Јелена и бебето кое го очекуваат, како и на својот прв тренер Јелена Геншиќ која почина минатата година.
-Му честитам на Роџер за извонредната игра. Тој е најголем шампион и спортист. Многу го почитувам тоа што го имаш направено во кариерата и ти бглагодарам што ме „пушти“ да победам денес.-изјави по мечот Ѓоковиќ измамувајќи насмевки од илјадниците присутни на трибините.
Со оваа победа Новак Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП листата.
Г.М./Mx.П