Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ поради повреда нема да настапи на грен слем турнирот во Соединетите американски држави (САД), УС Опен, кој е последен за оваа сезона.
Информацијата иако се уште је немаат потврдено ниту тенисерот, ниту пак неговиот тим ја соопшти Здеслав Милинковиќ, кој е доктор во тениската репрезентација на Србија.
Ѓоковиќ поради повреда на лакотот го предаде мечот со Томаш Бердих на Вимблдон и најави подолга пауза од тенисот, односно целосна рехабилитација.
Репрезентативниот доктор, Милинковиќ во интервју за српските медиуми изјави дека поради повреда на лакотот каква што има Ѓоковиќ се паузира од 6 до 12 недели.
– Тој има болки констатни болки во коските поради замор во случајов прекуумерено играње. Паузата која ја направи на почетокот од оваа година се покажа недоволна. Јас го познавам лично и знам дека тој ќе стегне заби и ќе игра во САД, но телото овој пат мора да послуша и да паузира. – рекол Милинковиќ.
Српскиот тенисер моментално се наоѓа во Торонто и посетува специјални терапии за оздравување на лакотот и санирање на останатите повреди, кои се негови најголеми противници.
OhridNews