Вториот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ останува без прв тренер, откако ја прекина соработката со прославениот германски тенисер, Борис Бекер.
Соработката меѓу Ѓоковиќ и Бекер траеше цели три години, а Србинот под палка на Германецот го играше најдобриот тенис во својата кариера.
– После три години успешна заедничка работа јас и Бекер одлучивме да ја завршиме соработката. Целите кои ги поставивме пред официјализирање на соработката ги исполнавме комплетно. – рече Ѓоковиќ, и додаде. – Од срце му се заблагодарувам за искрената соработката, тимскиот дух и посветеноста. Моите професионални планови се насочени кон одржување на формата, а за целите допрва ќе мислам.
Ѓоковиќ во соработката со Бекер освои шест гренд слем турнир, вклучувајќи го и трофејот од Ролан Гарос кој српскиот тенисер толку многу го посакуваше.
OhridNews