Новак Ѓоковиќ неочекувано најави пауза месец дена од тенисот после победата на Србија над Русија во Дејвис купот.
Рекетот број два на АТП листата поради апстиненцијата ќе го пропушти омилениот турнир во Дубаи на кој српскиот тенисер има четири шампионски пехари.
На терените од „белиот спорт“, Србинот ќе се врати на американските турнири Индијан Велс и Мајами на кои ги брани титулите.
Со неиграњето на Ѓоковиќ во Дубаи водечкиот тенисер на АТП листата, Енди Мареј со победа ќе има можност да ја зголеми предноста на врвот.
OhridNews