Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на списокот на пријавени играчи за учество на Мастерсот во Индијан Велс, соопштија организаторите на турнирот.

И покрај ова се уште е неизвесно кога Ѓоковиќ ќе се врати во натпреварувачки ритам, откако минатата недела го оперираше зглобот на лактот во Швајцарија.

Ѓоковиќ, кој е петкратен освојувач на Индијан Велс, поради повредата претходно отсуствуваше шест месеци, но се врати во почетокот од сезоната, меѓутоа на Австралија опен призна дека и натаму чувствува болка во лактот.

Мастерсот во Индијан Велс се одржува од 8 до 18 март, а титулата ја брани Рожер Федерер.

OhridNews