Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ се пласира во второт коло од последниот гренслем тениски турнир за оваа година “US Open”, но ги загрижи фановите, откако во мечот со Jержи Јанович од Полска (3:1) правеше доста болни гримаси во текот на мечот, а побара и медицински тајмаут.
Подоцна Ѓоковиќ појасни дека има повреда на зглобот која го спречила да го даде максимумот на Олимписките игри, но дека санирањето на повредата оди добро и очекува во текот на турнирот да го достигне својот максимум.
По завршувањето на натпреварот од првото коло Ѓоковиќ изведе мал перформанс кој ја одушеви публиката. Тој го запеа познатиот хит на Фил Колинс “I can’t dance”, а еве како реагираше публиката:
OhridNews