Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се уште има проблеми со лакотот и покрај шест месечната пауза минатата година.

Ѓоковиќ после поразот во 4-то коло на Австралија Опен од Хјен Чунг изјави дека уште го боли раката и оти ќе побара нов метод за опоравување од повредата.

Србинот многу веројатно во Цирих ја има направено потребната операција за целосно заздравување од повредата која го оддалечети од терените и од ТОП 10 на АТП листата.

Од тимот на српскиот тенисер ја немаат потврдено инфомацијата, но по сликите кои кружат низ светските медиуми се гледа Ѓоковиќ има завој на десната рака.

OhridNews