Дуел помеѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ во 1/2 финалето од францускиот грен слем турнир Ролан Гарос нема да има, откако австрскиот тенисер Доминик Тим во три сетови го преслуша Србинот кој ја бранеше титулата.
Тим некогашниот број еден тенисер во светот во четвртфиналниот меч го победи со 7-6, 6-3 и 6-0 за 2 часа и 17 минути игра.
Првата победа на Тим над Ѓоковиќ во шестата пресметка му донесе пласман во 1/2 финалето и натпревар против Надал кој без игра обезбеди билет меѓу четири најдобри. Во текот на мечот поради повреда Карено-Буста му ја предаде победата на Надал.
Втората полуфинална двојка на Ролан Гарос ќе се комплетира после четвртфиналните натпревари помеѓу Мареј – Нишикори односно Вавринка – Чилиќ.
OhridNews