Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на егзбицискиот турнир во Доха ќе се врати на терените. Неговото враќање го потврди организираторот кој го најави учеството на Ѓоковиќ на турнирот кој означува почеток на новата сезона.

Некогашниот број еден активно тенис нема играно од 1/4 финалето на грен слем турнирот Вимболдон. Тогаш, Ѓоковиќ поради повреда на лакотот му го предаде мечот на Томаш Бердих и ја најави паузата. Неиграњето го чинеше Ѓоковиќ испаѓање од ТОП 10 на АТП рејтинг листата, што цели десет години се немаше случено.

Егзибицискиот турнир во Доха се користи за загревање за грен слем турнирот кој се одржува во Австралија. Ѓоковиќ во Доха ќе ја брани титулата, откако во финалето минатото издание го совлада Енди Мареј.

OhridNews