Водечкиот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ е прогласен за спортист на годината во Европа од спортските новинари од стариот континент.


Српскиот тенисер наградата од новинарите ја освои по втор пат во својата кариера откако прв се закити во 2011 година.

Ѓоковиќ во трката ги победи Формула 1 шампионот Луис Хамилтон, холандската атлетичарка Дафне Шиперс, кошаркарот По Гасол и фудбалерот Кристијан Роналдо.

Србинот годинава што изминува освои три од четири гренд слем турнирите преку десет АТП турнири и многу индивидуални рекорди.

Тој е најплатен меѓу спористите, а прогласувањето за најдобар спортист во Европа е шлаг на тортата за блескавата сезона.

Топ десет спортистите ги комплетираат Мухамед Фарах (атлетика), Ана Фенингер (скијање), Марсел Хиршер (скијање), Катинка Хошу (пливање) и Марит Бјорген (нордиско скијање).

Мх.П.