Во петок ќе се знае дали ќе има или не зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи со започнувањето со работа на универзалниот снабдувач, компанијата ЕВН хоум, која ќе биде оперативна на пазарот од 1 јули. На аукцијата што денеска ја организира универзалниот снабдувач, ЕЛЕМ беше обврзан да понуди најмалку 80% од електричната енергија на домаќинставата и малите потрошувачи, со што ќе има и најголемо влијание во формирање на новата цена на струјата. Неа повеќе нема да ја одредува Регулаторната комисија, туку таа ќе биде пазарно утврдена откако ќе се направат потребните пресметки со други параметри опфатени во процесот на формирање на цената за чинење.
Состојбата во ЕЛЕМ е одлична имаме и драстично намалување на трошоците во рудниците и не верувам дека цената ќе биде над 39,6 евра за мегават час. Влијание на цената ќе има и трошокот за откуп кој го има универзалниот снабдувач од повластени производители на електрична енергија. – истакна Марко Бислимоски од Регулаторната комисија за енергетика, додавајќи дека не очекува пораст на цената на струјата.

Последните две години цената на струјата е стабилна. Се воведе евтина тарифа за граѓаните која имаше инпакт осум, односно 11 милиони евра во џебовите на граѓаните. Факт е дека ЕЛЕМ стана одлична профитабилна компанија која денеска има акомулирана добивка од 49 милиони евра, рече Анѓушев.

Г.М.












