Бразилскиот супермодел Жизел Бундшен (27) снимаше нова кампања во кратки џинс панталончиња кои целосно го откриваа нејзиниот задник.

Фотосесијата се снимаше на плажа во Малибу. Бразилката ја снимаше најпознатиот фотограф Марио Тестино, кој до сега има работено со Мадона, Анџелина Џоли, Деми Мур, па дури и со принцезата Дијана. Жизел на снимањето дојде од одморот кој го помина во друштво на нејзиниот дечко, играч на американски фудбал, Том Бреди. Познатиот пар престојуваше во Костарика, Париз и Ибица, каде Жизел наскоро ќе ја снима новата кампања за очила за сонце на Вог. Прекрасната бразилка е најплатен супермодел, а само изминатата година заработи вртоглави 16 милиони фунти. До сега има заработено околу 75 милиони фунти, а нејзиното лице се има појавено на плакатите од околу 20 светски брендови.