
„Утрински“ пак пишува дека Владата на Груевски е и рекордер по бројот на министри без ресор.
Додека во другите земји ваков тип на функционери има еден или двајца, идната македонска Влада ќе има дури седум министри без ресор. Петмина ќе бидат ангажирани за странски инвестиции, додека другите две места ќе им припаднат на коалиционите партнери.
извор: „Радио слободна Европа“, „Утрински“












