Не е лесно да се напише една ваква монографија посветена на Пештерските цркви и монашки живеалишта на брегот од Преспанското Езеро, вели авторот Гоце Ангеличин Жура, реномиран археолог и историчар на уметност, посветен научен истражувач и пишувач. Неодамна беше промовиран најновиоот негов научен труд „Пештерските цркви на Препспанското Езеро“, ексклузивно издание со преку 120 колор фотографии и богатство од значајни откритија и податоци од долгогодишните истражувања направени во Преспа.
-Пишувањето е поврзано пред се, како со материјални средства така и со многубројни теренско – истражувачки работи на самите сакрални објекти, кои се сместени и изградени надвор од населените места, во тешко пристапни предели, на височина и по неколку десетици метра од подножјето, а сето тоа е поврзано со ризици и несакани последици: трули дрвени скали, змии, животни, стршлени, лизгави стрмни карпи и др. Убавината на оваа работа, од друга страна пак е е во предизвикот, за прв пат да се види, опише идентификува, сето она што со векови било скриено далеку од очите на обичниот човек, оној древен и мистичен свет кој има неодминливо значење, како извор на податоци на нашата македонско – монашка традиција и живи „сведоци“, на времето на Светите Климент и Наум. – вели Гоце Ангеличин Жура.
Пештерските цркви на Прегот од Преспанското Езеро се единствени не само по местоположбата и начинот на градба, туку и по разновидноста на фреско -живописот, вечиу Жура. Овие мистични храмови дишат со една поинаква, по многу нешта, единствена форма на изразување и практикување на некогашните религиозни и духовни определби, додава тој.
-Дарителите и монасите кои живееле во овие пусти и непристапни предели, далеку од очите на останатиот свет, како што проповеда христијанството, се стигнува до совршенството до Бога. Прегрнати само од раката на природата на ове места денес навраќаат само неколкумина историчари на уметност, спелеолози, би рекле лилјаците и мечките за да ја преспијат зимата. – истакна Гоце А. Жура.
Гоце Ангеличин Жура
За првпат, теренските истражувања на овие „Македонски Метеори“, како што уште се нарекуваат, Гоце А. Жура ги започнал во 2002 г, заедно со својот пријател и колега, етнологот Рубин Земон. Незаборавните доживувања се пренесени на стотици фотографии и многубројни тв емисии.
-Теренските истражувања, со прекини продолжија се до 2010 г. кога конечно се заокружија потребните знаења за пишување на монографии за Пештерските цркви на бреговите од Охридското и Преспанското Езеро.Мои секојдневни сопатници на терените беа : Проф. -Д-р. Агим Пољоска – албанолог, М-р. Сашо Цветкоски – историчр на уметност и мојот најдобар пријател и немерлив колега Горан Патчев – архитект. – раскажува Гоце А. Жура.
Монографијата „Пештерските цркви на Препспанското Езеро“ е посветена на бардот на Македонската и Балканската резба, Проф.Др.Димитар Ќорнаков, а беше промовирана во „Матица Ексклузив“, – Скопје благодарение на светски реномираниот поет Раде Силјан, вели Жура. На промоцијата која се одржа на 14-ти октомври присуствуваа еминентни гости и познати научни работници. Книгата е во издание издавачката куќа „СИЛСОНС“ – Скопје, а ја промовираа проф.Д-р.Димитар Ќорнаков и Проф. Д-р Виолета Мартиновска.
Фото галерија:
OhridNews


























