Новата сезона ќе донесе коренити промени во играчкиот кадар во Женскиот ракометен клуб Вардар. Актуелниот македонски шампион шанса од следната сезона ќе им даде на ракометарките од младинскиот погон, а сегашните ќе бидат ослободени од обврските односно имаат зелено светло да бараат нов клуб.

– Од септември клубот ќе настапува со играчи од сопствениот погон, млади ракометарки од школите на Вардар. Планираме со нив да се работи на подолг рок, да им се наметне амбиција и во иднина тие да станат дел од македонската репрезентација за ЕП во 2022 година. Тоа е мотив и предизвик за нас. – изјави Извршниот директор на Вардар, Гордана Нацева.

„Црвено црните“, без разлика на промената на курсот од следната сезона оваа атакуваат на тронот од Лигата на Шампиони. Во досегашните мечеви од ЛШ ракометарките на Вардар имаат стопроцентен учинок и се помеѓу најголеми фаворитки за титулата.

OhridNews