Министерот за образование и наука, Панче Кралев и министерот за здравство, Никола Тодоров денес остварија работна средба со членови на Хидрометеоролошкиот завод на кој се разгледуваа временските услови за наредните денови и донесоа одлука дека новата учебна година ќе започне на 1 септември.
Поради топлотниот бран од жолта фаза, во четврток и петок наставата ќе биде скратена, а часовите ќе траат до 12 часот.
Од понеделник, учениците ќе започнат со редовна настава.












