Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски го соопшти предлог – календарот за фудбалската сезона 2012/13.

Според овој календар прволигашката сезона би стартувала на 5-ти август со натпреварите од првото коло. Првото второлигашко коло би се одиграло следниот викенд, сабота на 11-ти август.

Увертира во новата сезона би бил Суперкуп натпреварот помеѓу шампионот Вардар и освојувачот на националниот куп ФК Ренова кој е планиран за 29-ти јули.

На 22-ри август ќе се одиграат натпреварите од 1/16 финалето на националниот фудбалски куп.