Серијата негативни резултати на германскиот фудбалски бундеслигаш Мајнц, чиј капитен е македонскиот репрезентативец Николче Новески, една победа во последните пет меча го фрли тимот на петтото место на табелата.


Тимот кој беше хит во првиот дел од шампионатот во вториот бележи резултати кои го оддалечуваат од пласман во Лигата на шампиони следната сезона.

– Мислам дека немаме капацитет за пласман во Лигата на шампионите. Можеби Лига Европа е реална амбиција, но не и најквалитетното европско натпреварување. Сепак, иако зимава имаме повеќе порази од есента, мислам дека сме позрели како тим, дејствуваме уште постабилно и помоќно од есенскиот дел – вели македонскиот дефанзивец, кој го одигра целиот меч против Баерн, кој заврши со триумф на баварците од 3-1.

Мајнц трката за Лигата Европа ја продолжува викендов со гостувањето  кај Хофенхајм.

Табела: Дортмунд 55, Баер 45, Баерн 42, Хановер 41, Мајнц 37 итн.