Македонската фудбалска репрезентација од утре ги започнува подготовките за пријателскиот дуел Луксембург-Македонија што ќе се одигра в среда на 29-ти февруари.

Селекторот Џон Тошак поради повреда денеска дефинитивно го ослободи од обврските дефанзивецот на бундеслигашот Мајнц, Николче Новевски кој сепак ќе се појави на трибините на стадионот во Луксембург в среда за да го проследи настапот на националниот тим.

Ohridnews