Македонскиот фудбалски репрезентативец, 33-годишниот Николче Новески,
го продолжи договорот со Мајнц на уште една година. Новески со
бундеслигашот потпиша договор кој истекува во лето 2014 година.

Капитенот на Мајнц, во минатото коло го одигра јубилејниот 200-ти
натпревар во Бундеслигата, за прикажаното  на мечот со Гројтер Фирт, на
кој Мајнц победи со 3:0, Новески беше избран во идеалниот тим на колото
на  „Eurosport“.

„Новевски е столбот на нашата одбрана, годините не му се пречка бидејќи
тој е вистински професионалец. Кај нас воопшто немаше дилема дали да го
продолжиме договорот со нашиот капитен“, изјавил за клупската интернет
страница, тренерот Кристијан Хејдел.

Новески, кој е заменик капитен во македонската репрезентација, на
4.февруари ќе допатува во Скопје на подготовките на националниот тим,
кој два дена подоцна ќе игра контролен меч со репрезентацијата на
Данска.

“Макфакс“