Неколку интересни натпревари ќе се одиграат во рамките на 25.коло, во германската Бундес лига. Дербито ќе се одигра во Гелзенкирхен, каде Шалке ќе ја пречека Борусија Дортмунд.


Мајнц на Николче Новески ќе има тешка задача против Баер Леверкузен кој со Борусија Дортмунд се бори за втората позиција во лигата.

Колото во Бундес лигата ќе го отворат Аугсбург и Нинберг, екипи кои до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок во лигата.

Двојки :

Петок, 8.март : Аугсбург-Нинберг

Сабота, 9.март : Баерн Минхен-Фортуна, Шалке-Борусија Дортмунд, Фрајбург-Волфсбург, Мајнц-Баер Леверкузен, Гројтер Фирт-Хофенхајм, Борусија Менхенгладбах-Вердер

Недела, 10.март : Хановер-Ајнтрахт, Штутгарт-Хамбургер

Табела: Баерн 63, Дортмунд 46, Баер 45, Ајнтрахт 38, Фрајбург и Шалке 36..

Ohridnews