Еден од носителите на македонската одбрана Николче Новески очекува да се прикажеме во подобро светло и со борбена и пожртвувана игра да стигнеме до позитивен резултат.


– Најважно е добро да се подготвиме и максимално да влеземе во натпреварот. Сигурно дека е важен натпревар, а од нас се очекува добро да одиграме.  Добро ги знаеме, се уште во меморијата ни е мечот во Даблин, и се надевам дека селекторот ќе ја постави добитната тактиката – вели Новески кој против Ирска ќе го одигра 45 натпревар во најсилната репрезентација.

 

Новески е единствениот од одбранбената тројка Митрески – Седлоски – Новески, која долги години беше бедем пред  македонскиот гол, тој  очекува младите сили во целост да ги заменат ветераните.


– Доаѓа до едно подмладување во одбраната, во досегашниот период одлично функциониравме во одбрамбената зона и очекувам со доаѓањето на помладите тој тренд да продолжи – вели Новески, кој ќе го предводи германскиот Мајнц  во фудбалската Лига Европа.

Македонските фудбалски репрезентативци до петок остануваат во Охрид, кога заминуваат во Скопје, каде што ќе го одработат единствениот тренинг пред мечот со Ирска.

М.П.