Владата на Република Македонија ја информира јавноста дека е обезбеден бесплатен железнички превоз и билети за 1000 македонски граѓани кои што во текот на утрешниот ден ќе може да присуствуваат на ракометниот натпревар Македонија-Србија, што во рамки на Европското првенство во ракомет се одржува во Белград, Република Србија, се наведува во соопштението од Владата.
Заинтересираните лица денеска (вторник, 24 јануари 2012 година) ќе може да аплицираат на www.ovaemakedonija.mk од 17 до 19 часот, а изборот ќе се направи во 19.15 часот преку директен пренос на првата програма на Македонската телевизија.
Трошокот за железничкиот превоз го покрива Владата на Република Македонија, додека билетите се набавени од страна на ГП Пелистер.
Со ова веруваме дека ќе се даде дополнителна поддршка и стимул на утрешниот натпревар на Македонската ракометна репрезентација, се вели во соопштението.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com