Нови 1.700 лица заболени од грип се регистрирани за само една недела, што претставува двојно повеќе од бројот на заболени минатата недела и минатата година во истиот период.

На Одделот за интензивна нега при Инфективната клиника во моментов се сместени тројца мажи. Во минатава недела на анализа се примени 46 примероци, од кои кај над 69% е констатиран грип од типот А, а 20 од нив се новозаболени од Х1Н1, познато како пандемски или свински грип.

Најголемиот број на заболени се на возраст од 15 до 64 години, а ризик за зараза постои и кај децата до четиригодишна возраст.

Лекарите препорачуваат да се почитуваат мерките за заштита од грип.

OhridNews
извор:Макфакс