Во последнава недела во земја, регистрирани се нови 2 400 лица со симптоми на грип. Како што информираат од Институот за јавно здравје, во споредба на претходната недела се бележи раст од околу 10 отсто.
Според претставникот на Институтот за јавно здравје, бројот на лица кај кои е забележано ова вирусно заболување, е очекуван во оваа сезона со оглед на ситуацијата во повеќето европски земји.
Инаку, од 135-те примероци испратени на анализи во текот на зимскиот период, инфлуенцата Х1Н1 е забележана кај околу 20 отсто од случаите.
OhridNews