НУ – Библиотека “Григор Прличев” – Охрид се приклучува кон традиционалната акција на Матица Македонска со “Книга на плажа”.

Во тој контекст Библиотеката за ова лето ги набави најдобрите наслови наменети за читателската публика. Од денеска од Библиотеката може да се позајмуваат хитовите: “Писмото на госпоѓа Вилма” од Јелена Бачиќ Алимпиќ, “Окото на црвениот цар” од Истланд, “Барскиот цвет” од Леа Џејкобсон, “Ќерката на Клеопатра” од Мишел Моран и многу други.

Со овој проект Библиотеката го збогати книжниот фонд со 40 нови наслови. Книгите се набавени со финансиска помош на Министерството за култура на Македонија.

OhridNews