400 нови вработувања се предвидени до крајот на оваа година во јавното здравство, најави вчера Министерот за здравство Никола Тодоров.

Според него, овие вработувања наменети за доктори, медицински сестри, болничари и друг медицински персонал, се дел од ветените 800 во здравствениот сектор за тековната 2013-та година.
 
Покрај во здраството, распишани се и огласи  за масовни  вработувања на државни службеници во Агенцијата за катастар и недвижности и агенцијата за администрација. Ова ќе доведе до дополнително оптоварување на буџетот, реагира опозицијата, јавува „Телма“.

Неоддамна, за зголемената превработеност во администрацијата реагираше и Европската комисија која во извештајот за напредокот на Македонија упати критики до Владата во однос на начинот на вработување .

OhridNews