Во последните 24 часа во земјава се направени 3081 тестирања, а регистрирани се 1198 нови случаи на Ковид-19, од кои 42 во Охрид. Во денешната евиденција има и тројца починати пациенти од Охрид. Најмладата жртва има 35 години, а останатите се на 46 и 67 годишна возраст, информира Министерството за здравство.
Најмногу нови случаи и денеска има во Скопје 572, а следат Битола 92, Штип 49, Прилеп 53, Охрид 42, Велес 42, Куманово 41, Струга 34, Струмица 34, Тетово 28, …

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 621 оздравени пациенти 11 од Охрид.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51213, бројката на оздравени пациенти е 30204, на починати е 1423, а бројот на активни случаи изнесува 19586.
Во Охрид во моментов има 564 активни случаи.
OhridNews












