На неодамна одржаниот државен натпревар за млади музичари во Скопје охридските млади музички таленти од основното музичко училиште „ Методи Патчев“ освоија бројни врвни награди.
Ученикот Огнен Секулоски освои прва нарада по солфеж и втора награда пијано, Мила Тренеска прва награда солфеж, Александар Грунчески беше второ награден по солфеж, Емилија Наумоска прва награда солфеж, Анастасија Андрееска втора награда солфеж, Ана Димоска- прва награда по солфеж, Џеврије Туле втора награда пијано, Софија Андоноска- прва награда по пијано, Ивона Базгалоска- прва награда пијано, Мила Тотеска- втора награда солфеж, Марија Џуклеска – прва награда по виолина, Даниел Мојсоски- прва награда виолина. Ученикот Димитар Гаврилоски ја освои првата награда по камерна музика, Давид Нелоски- втора награда кларинет, Крсте Башоски- прва награда кларинет, Кристина Љушкоска- прва награда флејта, Бајрам Рамаданоски-прва награда за дуо виолини и клавирско трио, Мила Коруноска-прва награда камерна музика. Десарт Елмази на државниот натпревар освои прва награда за камерна музика и втора по виолина.
Со освоените бројни награди на државиот натпревар охридските ученици само го потврдија фактот дека остануваат на врвот, меѓу најдобрите млади музичари.
OhridNews