Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, цената на бензините и дизелот се намалува за денар до денар и половина.
Новата цена на „еуросупер 95“ ќе изнесува 69,50 денари за литар, „еуросупер 98“ ќе се продава по цена од 72 денара за литар, додека „еуродизелот“ од полноќ ќе има цена од 62,50 денари. Екстра лесното масло, пак, ќе се продава по цена од 52 денари.
OhridNews