Димитар Камнаровски на интернационалниот пливачки митинг во Белгија учествуваше во осум категории, а во четири успеа да си го подобри личниот рекорд.
На пливачкиот митинг учествуваа вкупно 550 пливачи од Белгија, Холандија, Луксембург, Словенија и Германија, а охриѓанецот Камнаровски заврши 15-ти во вкупниот поредок.
Камнаровски кој е роден 2000 година во Белгија се натпреваруваше со пливачи една или две години постари што дополнително му дава тежина на успехот.
Учеството на пливачкиот митинг во Белгија беше генерална проба за големиот митинг кој е на почетокот од месец декември во Нојс, Германија.
Ohridnews











