Нови шокатни детали излегуваат на површина за третото полувреме во тунелот и соблекувалните на Олд Трафорд после градското дерби Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Како што пренесува англискиот весник „Дејли Меил“, кој прв ја пренесе информацијата во блиската средба на двата клубови учествувале околу 30-тина фудбалери, соработници и редари.

Страстите се разгореле уште во тунелот каде „граѓаните“ почналe да ја слават победата (2-1) во градската пресметка. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо го обвинил Едерсон за задржување на време, а овој му возвратил и заминал во соблекувалните.

Целата ситуација кулминирала кога Мурињо ја посетил соблекувалната на Сити и ги опоменал да покажат повеќе респект за Јунајтед поради бучната прослава. Во хистеричната прослава на Сити некој го потурил Мурињо со вода и тогаш настанала вистинска мешаница во која се укличиле фудбалери од двете екипи. До размени на удари не стигнало на Олд Трафорд, но најдебелиот крај го излекол помошникот на Пеп Гвардиола, Микел Артета која завршил со расекотина на лицето по ударот со шише најверојатно од Ромелу Лукаку.

Полицијата во Манчестер на стадиониот интервенирала брзо и спречила поголем инцидент, а понатаму не презела ништо. Затоа за целосно расветлување на случајот Англискта фудбалска федерација побара извештај од двата клубови за инцидентот.

Ова не е прв пат во тунелот од Олд Трафорд да се случи блиска средба на два клубови. Претходно низ вакво искуство поминаа фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Арсенал во дербито одиграно пред десеттина година. Тогаш, Цеск Фабрегас со пица го погодил Сер Алекс Фергусон, а фудбалерите си разменија по некоја тупаница.

OhridNews