Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжува со реализација на акциите за оплеменување на околината и подигнување на нови дрвореди на територијата на општина Охрид, со посебен акцент на периферните делови од градот. Деновиве се засадени 30 садници од видот „јасен„ на ул.„Кленоец“ и „Карпош Војвода“.

– Јасенот е отпорен на температурни разлики и формира убава крошна, со што дрворедите ќе имаат не само заштитна, туку  и естетска функција, велат од јавното претпријатие.

OhridNews