– Изминативе денови интензивно се работеше на оформување на нови дрвореди во населбата „Охридати“, како и во населбата Даљан. Засадени се 30 листокапни дрвја од видот јасен, информираат од јавното претпријатие.
Следни зацртани локации каде е планирано оплеменување со нови дрвореди е во станбениот комплекс Расадник и на дел од улицата „Партизанска“.