Јавните претпријатија  „Проаква“ и  „Нискоградба“, започнаа со поставување подземни инсталации на пресекот  на булеварот  „Туристичка“ и улицата „ Јане Сандански“ каде во тек се подготвителните активности за изградба на кружен тек.

Се очекува во текот на оваа работна недела да започнат со работа и кабелските оператори „Телеком“ и „Неотел“.

По поставување на подземните инсталации  на оваа кружна крстосница, ќе започнат предвидените активности на изведувачот, градежната фирма  „Ив Стил Градба“.

OhridNews