Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денеска оставри работен состанок со генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт. На средбата биле потенцирани заедничките предизвици и можности поврзани со регионалниот развој, како и стратешката важност на аеродромот во Охрид, точка од клучно значење не само за локалниот развој, туку и за националната економија.
Се разговараше за потребата од поголема интеграција и поблиска соработка помеѓу општините од регионот и аеродромите, со цел создавање нови економски, туристички и инфраструктурни можности. Директорот на ТАВ најави дека во наредниот период се очекуваат нови инвестиции за проширување на капацитетите на аеродромот, како и отворање на неколку нови авионски линии, кои ќе имаат позитивно влијание врз развојот на Охрид, Струга и целиот регион, информираат од Општина Струга.
Воедно посочуваат дека Општината останува посветена на зајакнување на партнерствата што носат економски раст и директни придобивки за нашите граѓани.
OhridNews













