150 нови садници со ружи од различен вид и различни нијанси на бои ќе го красат потегот од СЦ „Билјанини Извори“ до сообраќајницата кај охридската гимназија.

Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, акцијата е во тек, а најпрометната улица во Охрид ќе ја красат нови леи со растение кое со право го кроси приматот кралица на цветовите.

Освен булеварот „Туристичка“, предвидено е леи со ружи да ги красат и другите фрефентни сообраќајници низ градот.

OhridNews