Вечерва во Скопје се претепани тројца малолетни тинејџери.

Како што јави телевизија „Телма“, момчињата биле нападнати од четири лица околу 19 часот на кејот кон Градскиот парк. Според првичните сознанија се работи за напаѓачи од албанска етничка припадност кои со метални прачки и со удари со нозе се нафрлиле врз момчињата. Двајца од нападнатите се здобиле со потешки повреди, а едното од нив е префрлено во Градската хируршка болница.

Во Скопје се случил ушпте еден инцидент, во кој момче било повредено од страна на непозната група вооружена со палки и пиштоли.

Овие два инциденти се последни во серијата насилства кои ги нарушуваат меѓунационалните односи во земјата.

OhridNews