Како што најави денес министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, со 40 мерки кои ќе бидат опфатени во четвртата фаза од Регулаторната гилотина ќе се поедностават процедурите и ќе се олесни работата со која се соочуваат малите компании.

Станува збор за поголема група мерки од кои дел се однесуваат на даночните олеснувања и на тарифните броеви, а со дел од нив ќе им се овозможи на претприемачите поедноставно да комуницираат со институциите. Има и мерки кои се во насока на тоа Централниот регистар да издава еден документ за сите потреби на претприемачите и мерки со кои ќе се овозможи спојување на градежни парцели во една со цел да може приватните  градежни компании побрзо да градат.

Поголем дел од мерките се со рок на реализација до октомври годинава, а дел од нив ќе треба да се спроведат до 30 јуни 2013 година.

Првата фаза од проектот „Регулаторна гилотина“ е 100 отсто реализиран, втората фаза е со 74 отсто, а третата со 73 отсто реализација.

OhridNews