Со нови мерки на Владата ќе се надминуваат последиците од светската економска криза.

 Како што најави вицепремиерот, Зоран Ставрески, меѓи мерките со кои ќе се поддржат македонските фирми ќе се најдат отпишувањата на заостанатите долгови на фирмите  по однос на обврски од пензиско и од здравствено осигурување.

Со два нови предлог закони, се овозможува на фирмите за сиот настанат долг по основ на придонеси за пензиско осигурување заклучно со 1.1.2009 година, да се отпишат каматите доколку во рок од шест месеци од денот на поднесување на барањето фирмата ја плати главницата на заостанатиот долг. Исто така, се овозможува да се отпишат каматите за долгови по различни видови на придонеси кои настанале во периодот од почетокот на 2009 до крајот на 2012 година. Ако основниот долг за придонесите се плати во рок од шест месеци се овозможува да се изврши 100 процентно отпишување на каматата, ако долгот се отплати за период меѓу шест и дванаесет месеци ќе се отпише 75% од каматата, а ако долгот се отплати во период од 12-18 месеци ќе се отпишат 50 % од каматата.

Уште една мерка за која информираат од владата е поврзана со долгот за здравственото осигурување, настанат до 2009 година. Ако фирмата во наредните три години заклучно со крајот на 2015 година, редовно ги исплаќа тековните обврски по основ на придонес за здравствено осигурување, после три години ќе и бидат отпишани сите заостанатите обврски – основниот долг и каматата.

OhridNews