Со усвоените измени, се овозможува овие сретства кои што досега беа наменети за финансирање на проекти само за откуп, преработка и извоз на земјоделски производи во идниот период да може да ги користат и примарните земјоделски производители, односно микро, малите и средни претпријатија кои што се занимаваат со земјоделство и чија цел е произведување на самите земјоделски производи.
Доколку земјоделците сакаат да ги користат сретствата и да ги повратат во рок од 18 месеци, тогаш грејс периодот кој што е предвиден за користење на овие сретства изнесува 6 месеци. Доколку се одлучат да користат сретства и ги поврат во рок од пет години, тогаш грејс периодот изнесува 1 година.
Со новите измени предвидено е земјоделците да може да ги користат сретствата не само за идни проекти, туку и за веќе реализирани проекти, со услов тие да биле реализирани во период не подолг од 90 дена пред денот на аплицирањето за кредитот. Што се однесува до рокот за правдање на сретствата, односно поднесување финансиска документација што значи оправдување на искористените сретства, со новите измени тој е тројно зголемен, и сега изнесува 90 дена.
Од вкупно 10, 7 милиони евра наменети за овој инструмент досега се искористени 3, 7 милиони евра. Тоа значи дека 7, 6 милиони евра се во моментов на располагање за потребите на земјоделците.