Една од предвидените мерки е проширувањето на опфатот на земји за кои ќе се применува субвенцијата за привлекување странски туристи. Од 2013 година оваа мерка освен за земјите од Бенелукс, ќе важи и за Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија. За 2014 година мерката ќе се прошири и на Кина и Индија. Во 2015 година ќе се исплаќаат субвенции и за туристи од Казахстан, Азербејџан, Катар, Германија, САД и Англија.
Се зголемува и рокот за поднесување барања за субвенции .
Владата во 2013 година ќе финансира и 50 проценти од инвестициите за развој на туризмот во руралните средини, при што ќе се помага при модернизацијата на сместувачките капацитети, угостителски услуги, сместување на отворено, рурални музеи, рекреативни активности и опрема.
За оваа цел, од државниот буџет се издвоени околу 3,5 милиони евра.