Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари работна средба со амбасадорката на Република Чешка во Северна Македонија, Ирена Гецова, на која се разговараше за актуелните предизвици на општината и можностите за меѓународна соработка.

На средбата беше предложено и збратимување на Струга со чешка општина, како можност за долгорочно партнерство, размена на искуства и заеднички иницијативи, додаваат од Општината.
OhridNews











