Учениците од ОМУ „Методи Патче“ Охрид, продолжуваат да жнеат успеси на меѓународните натпревари каде настапуваат.

Ученичката Ивона Георгиеска под менторство на Проф. м-р Даниел Чуркоски, освои I награда на Меѓународниот натпревар Пијанофест-Битола.

Охридските музички таленти освоија уште две вредни награди на Меѓународниот натпревар на млади пијанисти што се одржа во Гевгелија.

Фуркан Али ја освои II награда, додека Јана Шурбаноска III награда. Двајцата се ученици во класата на Проф. м-р Ирена Веруш.

Г.М.