Продолжува збогатувањето на книжниот фонд на охридската библиотека „Григор Прличев“. Од овој месец, членовите и љубителите на пишаниот збор ќе може да позајмат низа нови наслови.
Меѓу нив, “Фармацевтска анализа”–Давид Г. Вотсон, “Психологија на физичката активност”–Стјуарт Џ. Х. Бидл, “Наука за растенијата”–Маргарет Џ. Мекмахон, “Физиологија и развој на растенијата”, “Примена на науката за јазикот во методиката на наставата по јазик”, “Фармацевтска технологија”–Дан Ј. А. Кромелин, “Пакување храна”–Гордон Л. Робертсон, “Основи на наставата во основното образование”–Денис Хејс, “Бактерии во агробиологијата: Управување со болести”, “Настава по англиски јазик и книжевност во основното образование”–Марша С. Поп, “Отпорност против вируси кај растенијата”.
OhridNews












