Охридската библиотека „Григор Прличев“, на задоволство на вљубениците на пишаниот збор, продолжува да го збогатува книжниот фонд со нови наслови.
Од деновиве, членовите на библиотеката ќе може да ги позјмат и книгите: “Просторите на текстот” од Звонко Танески, “Кинеење 3D”–Тони Цифровски, “Социологија”–Илија Ацески, “Културна антропологија”–Илија Ацески, “Од македонското книжевно наследство”–Ѓорѓи Поп-Атанасов, “Крајот на Виетнамската војна”–Хенри Кисинџер.
На полиците од библиотеката се и “Ораторската вештина низ историјата” од Боро Мокров, “Дневна соба”–Јана Лозаноска, “Жива слика”–Бранко Милошевски, “Зборот остава траги”–Тони Димков, “Велика Британија и Балканот”– Теон Џинго и “Очи со боја на чевли” од Петар Андоновски.
OhridNews