Српската тенисерка Ана Ивановиќ претре нов стрес на Австралија Опен откако нејзиниот тренер Најџел Сирс се онесвести на трибините.
Натпреварот на Ивановиќ со Медисон Кис беше веднаш прекинат, а Србинката загрижено гледаше кон трибините каде му се укажуваше помош на Сирс. На претходниот меч од Ивановиќ свеста ја загуби една постара бабичка, но мечот продолжи откако таа беше брзо згрижена.
OhridNews













