Поради проблеми со претходната повреда на коленото и потреба од понатамошна терапија фудбалерот на Динамо Киев, Горан Попов доби ослободување од обврските за двомечот во Португалија.

Исто така поради промена на календарoт на екипата и згуснат распоред на натпревари своето присуство го откажа и Марио Ѓуровски.

На нивно место селекторот Џон Тошак го повика фудбалерот на азербејџански Карабах, Муарем Муарем.

Собирот на репрезентативците е закажан за понеделник.