„Во моментот кога стотици новинари беа на протест , меѓудругото и за да им дадат поддршка и да покажат солидарност со двете колешки кои во петокот експресно ги загубија своите работни места, МПМ одговори со нови откази“, се наведува во реакцијата, што ја пренесува „Макфакс“.
Од синдикатот порачуваат дека отказите на нивните колеги нема да ги деморализираат и нема да дозволат да се уништи синдикалниот активизам уште на самиот почеток од неговото раѓање.