Утре, со почеток во 10 часот, во рамки на Националниот парк Галичица, свечено ќе биде пуштен во употреба систем на патеки во рамки на паркот. Настанот ќе се одржи кај скулптурата од рисот и промотивните табли, кај Бензиската Пумпа- Билјанини Извори.
Системот на пешачки и велосипедски патеки во паркот се состои од 38 секвенци со вкупна должина од околу 350 км. Покрај тоа, изработени се и 10 пешачки тури кои им се препорачуваат на посетителите на паркот. Паркот располага со свои лиценцирани туристички водичи, а по потреба обезбедува и дополнителен број на водичи кои се специјализирани за водење во планина.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com